Судење за убиството на Ангел Петковски – вештачени сите освен жртвата | Правдико

Правдико

   

Судење за убиството на Ангел Петковски – вештачени сите освен жртвата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Увидниот тим не зел траги од крв од местото каде што беше убиен матурантот Ангел Петковски, а траги од крв не биле најдени ниту на алиштата на Насер Ештрефи (20), осомничен за трагичниот настан кој се случи на 19 мај минатата година во скопската населба Ѓорче Петров.

59A6756A2919584DA578576FA5F78A77

На денешното продолжение на судскиот процес кој се води против обвинетиот Ештрефи, зборуваше експертот за ДНК-анализи, Павлинка Доневска-Стефанова, вработена во Одделот за крим-техника при МВР. Таа рече дека, и покрај наредбата на Јавното обвинителство, нејзините колеги не обезбедиле траги од крв од местото каде што се случило убиството, а траги од крв не биле земени ниту од починатото момче. Вештакот рече дека кога стигнала наредбата од Обвинителството, тие во МВР веќе работеле на изработка на другите анализи и веќе немале траги за анализата што ја барале од нив.

Вештакот рече дека ги направила сите анализи на крв кои биле доставени до неа. Таа појасни дека биле земени траги од крв од три локации – од пред Европската очна клиника, од преминот меѓу две куќи каде што се криел обвинетиот, а по апсењето и од Ештрефи, како и од таткото на Ангел, Саше Петковски.

„Анализите покажаа дека осомничениот Насер Ештрефи е нулта крвна група. Тоа го покажуваат трагите крв најдени на неговите алишта, на патиките, но и примероците земени од под ноктите на двете раце“, рече вештакот. Таткото на Ангел, Саше Петковски, е „А“ крвна група, а од анализата на неговите алишта било утврдено присуство на две крвни групи, но вештакот не знаеше која крвна група е починатиот Ангел. Вештото лице кажа дека увидниот тим на МВР зел брис од рачките на велосипедот, но дека тие не изготвиле таква анализа.

Иако сите наредби за изработка на анализи и проверки биле добиени од јавниот обвинител, денеска тој беше незадоволен од она што беше презентирано пред судот.

Матурантот Ангел Петковски, со два убода со нож, беше смртно ранет од Насер Ештрефи кој претходно украл велосипед од дворот на семејството Петковски. За кражбата тој доби условна казна, но пред судот негираше дека го убил матурантот.

Ножот со кој е извршено убиството никогаш не беше пронајден.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико