Правдико

   

Судењето на организаторите на „27 април“ продолжува на 2 јуни

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот кривичен суд Скопје денеска информираше дека судењето за организаторите на падот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, продолжува на 2 јуни 2020 година.

„Предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со организирање на настаните од 27 април во Собранието ја информираме јавноста дека по барање на одбраната, која истовремено е повикана на јавна седница во Апелациониот суд – Скопје, расправата во Кривичниот суд се одлага. Судењето ќе продолжи на 2 јуни во 10:00 часот за што се известени и странките во постапката“, стои во соопштението од Судот.

Обвинети во случајот за организацијата на настаните од 27 април се тогашниот претседавач со законодавниот дом Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико