Судењето на Ратко Младиќ продолжува со соочување на сведоците | Правдико

Правдико

   

Судењето на Ратко Младиќ продолжува со соочување на сведоците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_7Хашкото судење (МКТЈ), на командантот на Главниот штаб на српската армија (ВРС), Ратко Младиќ, продолжи со сведочењето на Мирко Периќ, полицаец од Братунац, кој  во јули 1995 година учествуваше во операцијата во Сребреница на српските сили,  на кој според обвинението за геноцид –  загинаа најмалку 7000 муслимански мажи и момчиња и беа прогонети  десетици илјади други.

Периќ како сведок за одбраната  опиша како тој не знаел за намерата на српската војска да ја окупира заштитената зона на Обединетите нации (ОН), дури и непосредно пред акцијата во кои учествувал како полициски службеник, и дека тој бил спасил од заробеништво  еден познаник Бошњак (Ресид Синановиќ) од воено заробеништво во Коњевиќ  – што оди во прилог на одбраната да ги оспори обвиненијата за заеднички злосторнички потфат на геноцид на воените и  полициските сили.

“Ги замолив војниците и тие го ослободија и го однесов до центарот за врски “, рече Периќ, без да се спомене дека и Синановиќ подоцна е идентификуван како еден од мажите егзекутирани по преземањето на Сребреница.

Од друга страна хашкото обвинителство, го соочи сведокот на одбраната  со исказот на заштитениот сведок под псевдонимот КДЗ-065, кој раскажал како Периќ го спроведил него и уште еден заробеник до магацинот во Коњивиќ, каде биле претепани- непосредно пред да бидат однесени до едно од масовните гробишта (кај реката Јадар).

Периќ ги негираше обвинувањата, велејќи дека “тој не знае зошто КДЗ – 065” измислил такво нешто, останувајќи само на приказната како Синановиќ, со дозвола од полициските старешини е повлечен од Коњевиќ во полицискиот центар за врски од каде споменатиот заробеник е одведен на стрелиште и убиен.

“Јас навистина не знам која е причината поради која ја дава таа изјава. Неговото име е под псевдоним, па јас не знам кој е тој. ” изјави Периќ оспорувајќи ја  неговата вмешаност во заедничката операција на армијата и полицијата врз босанските Срби, егзекутирани во Сребреница.

КДЗ 065 изјави дека тој бил однесен од полициската станица во магацин каде што  бил претепан, по што 15 затвореници биле префрлени на брегот на реката Јадар каде биле застрелани, додека тој беше единствениот преживеан.  Периќ пак како сведок на одбраната го оспоруваше исказот на преживеаниот сведок, како и тоа дека во спорниот магацин се наоѓал полицаецот Ненад Деронјич, кој сведокот КДЗ 065 го посочи како еден од егзекуторите.

Судењето продолжи со исказот на сведокот на одбранта Небојша Јеремич, поранешен припадник на Зворничката бригада ВРС, една од единиците кои делуваа во освојувањето на Сребреница.

Извор:slobodnaevropa.org

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико