Судењето за 27 април одложено, се чека правосилност на одлуките за амнестијата | Правдико

Правдико

   

Судењето за 27 април одложено, се чека правосилност на одлуките за амнестијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за насилствата во Собранието на 27 април минатата година денеска беше одложено за 31 јануари, зашто сè уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелациониот суд.

На обвинителна клупа остануваат петтемина кои не побараа амнестија: поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнестија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судот на почетокот информира дека обвинетите кои се во притвор не се спроведени поради економичност на постапката, бидејќи денешното рочиште ќе се одложува.

На следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико