Судењето за Диво насеље повторно отворено за јавноста
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Врховниот Суд во Скопје, во големата сала, во четврток, продолжува судскиот процес за случувањата во кумановската Дива населба.
Судењето кое се водеше зад затворени врати, денеска повторно ќе биде отворено за очите на јавноста, а треба да бидат сослушани последните двајца сведоци предложени од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Од ова рочиште, со дополнување на обвинението, каде главен збор ќе има одбраната, седниците ќе бидат од отворен карактер. Одбраната ќе треба да ги презентира доказите, а како сведоци не се исклучува можноста да бидат повикани и политичари и поранешни функционери од органите на безбедноста.
Одбраната нема да поднесува посебни жалби, туку како што соопштија нивните адвокати, ќе биде изготвена заедничка листа од нивна страна со која ќе се оспорат доказите на Обвинителството во овој случај и ќе се стремат да го сменат обвинителниот акт кој сега се води како терористички акт.
Инаку, процесот трае веќе една година, беше оложуван и враќан од почеток. Судењето почна од почеток во јуни минатата година откако судот ги спои предметите „Дива населба“ и „Молња“, во кои вкупно 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.
За потсетување, на 9 и на 10 мај, 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена
група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Извор: Макфакс