Правдико

   

Судењето за Елизабета Канческа Милевска продолжува на 6 декември

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судското рочиште за предметот „Тендери“ на специјалното јавно обвинителство, каде првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“ е одложено за 6 декември. Причината за одложеното рочиште е тоа што судиите што судат во овој случај денеска имале судење за предметот „Топлик“.

Случајот „Тендери“ е во фаза на доказна постапка. Според обвиниението на СЈО, дел од градежните работи во Музејот биле вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Уште пред да биде објавен огласот за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико