Судењето за набавката на полициските „шкоди“ почнува одново | Правдико

Правдико

   

Судењето за набавката на полициските „шкоди“ почнува одново

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО во кој е обвинет експомошник-министерот за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, за злоупотреба на службената должност за јавната набавка на 300 возила („шкоди“) за потребите на МВР.

Апелациониот суд во Скопје ѝ ја укина пресудата на судијката Добрила Кацарска, која првично го осуди Поповски на казна затвор во времетраење од 9 години. По одлуката на второстепениот суд, Поповски беше префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“ бидејќи му беше определен притвор.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот со 453.570 евра. Тој изјави дека не е виновен за делото што му става на товар. Во завршните зборови Поповски рече и дека се соочувал со силни притисоци и закани додека траела судската постапка, но не именува од кого и дека случајот сериозно влијаел врз неговото здравје.

Поповски е правосилно осуден на 4 години и шест месеци казна затвор за набавката на „мерцедесот“ во случајот „Тенк“ на СЈО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико