Судењето за набавката на софтвер за ЕЛЕМ закажано за 19 декември | Правдико

Правдико

   

Судењето за набавката на софтвер за ЕЛЕМ закажано за 19 декември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за предметот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство за набавка на софтвер за ЕЛЕМ е закажано за 19 декември, соопшти кривичниот суд.

Предметот, согласно со електронскиот систем, е распределен кај судијката Верка Петковска, а главната расправа е закажана за во 09:30 часот, за кога се испратени и покани до странките.

Во предметот „Тарифа“ обвинети се три лица кои се товарат дека преку злоупотреба на службената положба и овластување набавиле софтверски систем за потребите на државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) кој не бил имплементиран.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико