Судењето за „Поткуп“ одложено, Заев бил во Тирана | Правдико

Правдико

   

Судењето за „Поткуп“ одложено, Заев бил во Тирана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на опзицијата Зоран Заев, повторно е одложено, јави репортерот на Макфакс.

potkup

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, не се појави во судницата на денешното судење, бидејќи бил на службен пат во Тирана, каде ќе присуствува на парламентарното собрание на Советот на Европа,

Покрај Заев во судницата не беа присутни ниту еден од неговите адвокати Филип Медарски, ниту сведокот Иван Николов. Двајцата биле уредно поканети, но тие не се појавија во судот.

Судењето е одложено за 22.ноември.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Според обвинението, една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Заев тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико