Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1.
„На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираат од судот.
Обвинителниот акт против возачот на автомобилот што го усмрти пешакот, беше поднесен на почетокот на мај и, според него, „обвинетиот го управувал возилото со недозволена брзина на движење од 100 километри на час, која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот“.
На обвинетиот, според Кривичниот закон, му се заканува казна од најмалку четири години затвор за делото.
Извор: МЕТА.мк