Правдико

   

Судењето за ТНТ ќе продолжи по празниците

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Барањето на обвинителот Бурем Рустеми за одвојување на постапката во случајот ТНТ и да продолжи судењето за Елизабета Најдовска, Миле Јанакиевски и Никола Груевски, а во друга постапка да им се суди на Тони Трајковски, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриевска, беше одбиено од судот.

„Немам причини да ви образложувам. Нема можност да продолжи рочиштето бидејќи е отсутен Тони Трајковски. Тоа ќе продолжи на 17 јануари. Дали на тој датум ќе продолжам со оваа поротничка или не, ќе видиме“, рече судијата Огнен Ставрев.

Миле Јанакиевски, по одлуката на судот, рече: „Судија, да ви се заблагодарам“.

Адвокатот на Тони Трајковски, пак, побара рочиштето да се одржи три дена по закажаниот термин на 17 јануари, но судот одби.

„Судија, кум сум на крстот во Маврово“, образложи адвокатот Јовица Страшевски.

Адвокатите го оспорија предлогот на обвинителот Бурим Рустеми, кој го побара раздвојувањето, а истовремено пречка да продолжи судењето, според нив, е и возраста на судијката поротничка, која треба да биде пензионирана.

„Од утре ќе поднесувам поднесоци за сите прекршувања, па да видиме кој го знае законот, а кој не. Кој опструира и зошто се одложува“, рече адвоктот Дончо Наков по што Рустеми праша: „Ова како закана да го сфатиме или?, а Наков повторно одговори: „Не, како ветување“.

Составот на советот, според адвокатот Наков, не е прописно составен.

„Кога госпоѓиве судии поротници наполниле 60 години, тој факт треба да го констатира Џолев. И многу е страшно што ја обвинувате одбраната за одложување на судењата. Најмногу одложувања има поради апсењата на Катица Јанева, отсуство на Судскиот совет“.

„Вие барате да се раздвои постапката не само за еден обвинет, туку и за моите штитеници. Имате правен проблем. Може да мрдате со главата колку сакате“, му рече Наков на Рустеми.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико