Судењето за „Тортура“ закажано за 28 февруари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд за 28 февруари го закажа судењето за случајот на СЈО „Тортура”, во кој се обвинети поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата на крајот за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, ќе им суди само на шетмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.
На оваа одлука СЈО поднесе жалба и сега Апелацискиот суд треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.
Извор: Нова Македонија