Судењето за „Транспортер“ одложено поради сообраќајка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сообраќајна незгода на обвинетата Јасмина Микиќ-Десановска, го одложи првото рочиште за случајот „Транспортер, кое беше закажано за денеска во скопскиот Кривичен суд.
Според одбраната, обвинетата Никиќ-Десановска поради сообраќајна незгода била спречена навреме да пристигне од Битола во Скопје. Сите други 20 обвинети и нивните адвокати беа во судницата.
Судечкиот совет, ја одложи главната расправа за 6 ноември, за кога, како што е наведено во соопштението, ќе испрати и опомена за стражарно приведување за обвинетата која не беше присустна на денешната расправа.
Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
– Обвинението против мене е политичко. Струмица и Куманово имаат поскап превоз на ученици од Битола. Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме оти нема криминал во нашето работење. Доколку ние сме грешеле, тогаш грешеле сите општини во Македонија – изјави Талески по излегувањето од судницата.
Извор: Нова Македонија