Правдико

   

Судии на советување за стандардите за етиката и владеењето на правото

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседатели на судови, нивни заменици, судии и раководители на судската администрација денеска учествуваат на еднодневно советување на тема „Етика“, кое се одржува во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА).

Денешното советување, како што истакна директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, претставува трет модул и се однесува на претседателите на судовите и судските администратори од судовите кои присуствувале на претходните советувања поврзани со темата, а беа одржани во ноември и декември 2015 година и во  јануари 2016 година.

Пред учесниците на советувањето на темите за независност, непристрасност и еднаквост, интегритет и сопственост, надлежност и делотворност, како и за основните принципи за етиката, излагања имаат експертот за судска обука Петер Голдшмит и директор на ЕИПА Луксембург, како и двајца поранешни судии, кои имаат искуство од националните судови, како и од Судот за правда на Европската унија Јорген Андерсен и Петер Гјортлер.

Андерсон во свото има излагање посочи дека независноста на судството е предуслов за владеењето на правото и претставува основна гаранција за правично судење.

Во контекст на тоа додаде дека мора да постојат гаранции кои ќе ги ослободат судиите од надворешните притисоци.

– Во Данска доколку донесете погрешна судска одлука затоа што сте прифатиле поткуп тоа се смета за кривично дело кое е на исто ниво како и убиство, односно можете да бидете осудени со иста затворска казна особено ако сте судија кој сте донеле судска одлука како резултат на поткупување, рече Андерсон.

Во северноевропските држави, како што нагласи, има систем каде што судиите се сметаат како државни службеници. – Честопати сега судиите добиваат трансфери во различни делови од државата, односно еден судија неможе да работи еден подолг период во едно исто места. На тој начин се обезбедува независност и од јавноста и од адвокатите кои ги запознал, односно се спречува одредена форма на неправилно однесување, додаде тој.

Андерсон како гаранција против надворешните притисоци ги посочи платите кои ги добиваат луѓето во судството. Тие, како што рече, треба да им обезбеди пристоен живот и да ги заштите од корупција.

– Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер преку ноќ ги подигна платите на судиите за 25 отсто. Од таа одлука судиите во Велика Британија беа многу задоволни затоа што добиваат високи плати за да можат да се заштитат од добивање мито, рече тој.

На советувањето беше посочено дека судијата мора да се придржува кон законот и да ја практикува судската професија независно од парламентот и извршната власт.

Дискутирајќи за европските и меѓународните стандарди и принципи во поглед на етиката и владеењето на правото, учесниците на советувањето се согласија дека судијата мора да ги врши своите должности со најголем можен квалитет, постапувајќи со случаите професионално, темелно и ефикасно.

Извор:МИА/Академија за судии и јавни обвинители

Партнери на Правдико