Судиите дојдоа во Судскиот совет и се пожалиле на однесувањето на Владимир Панчевски | Правдико

Правдико

   

Судиите дојдоа во Судскиот совет и се пожалиле на однесувањето на Владимир Панчевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudii-zakletva-togi-sudstvo[5]Како што можеше и да се предвиди, десетина судии од Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска се одзваа на јавната покана и се појавија во Судскиот совет на РМ.

Судиите, потписници на петицијата насочена против актуелниот претседател на скопска “единица”, Владимир Панчевски, според неофицијални сознанија не само што ги потврдиле своите потписи ставени на петицијата, туку и проговориле за односите кои владеат во најголемиот суд во земјава, а пред сѐ за односот на Панчевски.

Судиите Александра Ристевска, Седат Реџепагиќ, Огнен Ставрев, Марија Клетничка-Марковска, Пајазит Пајазити, Илија Трпков, Фанка Михајловска и Васил Динковски во Судскиот совет се задржаа нешто повеќе од два часа. Само двајца судии потписници не дошле од ним познати причини, а не дошол ниту судијата Иван Џолев, но за него се шпекулира дека не бил повикан поради тоа што тој пред десетина дена поднесе кривична пријава против Владимир Панчевски за негово влијание при донесување на судска одлука.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико