Правдико

   

Судиите им ги одбија жалбите на Ќосето, Нинџа и на Кољо да излезат од притвор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинетите за настаните од 27 април, Александар Василевски – Нинџа и Никола Митровски – Кољо и Горанче Ангелов – Ќосето, остануваат во притвор, потврдија од скопска Апелација за „Макфакс“. Судиите од второстепениот суд не им ги прифатиле жалбите за да се баранат од слобода и ги потврдиле решенијата на кривичниот суд.

Нинџа пред судиите во скопска Апелација образложи дека имал семејни причини поради кои им беше недостапен на органите на прогонот и дека во моментот кога добил дете, требало да биде уапсен. Половина година откако МВР по него распиша потерница, Нинџа ѝ се предаде на полицијата и заврши во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Никола Митровски – Кољо на јавната седница во скопска Апелација рече дека чувствува вина што за време на крвавиот четврток влегол во Собранието и дополни дека ако обвинителката има цврсти докази, тој е подготвен да одговара за тоа што го направил.

Обвинетите Ниџа, Кољо и Ќосето се дел од 33 обвинети на кои им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико