Судиите на Апелација ќе расправаат дали прислушуваните материјали се доказ во „Титаник“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд во Скопје на јавна седница попладнево ќе расправа дали прислушуваните материјали ќе бидат доказ во постапката за предметот за изборни измами „Титаник“. Доказите во овој предмет на СЈО се содржани на 101 страница, меѓу кои на листата ги има и бомбите.
Во „Титаник“ се обвинети 21 лице, меѓу кои првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, пратеникот Илија Димовски, Билјана Бошковска-Бришкоски, Мартин Протоѓер, Мунир Пепиќ, Кирил Божиновски… СЈО во овој случај, како што претходно објави „Макфакс“, бара и конфискација на имотот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер и на Илија Димовски во вредност од 2,2 милиона евра.
Тие се обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право, уништување изборен материјал… Случајот „Титаник“, поделен во три обвиненија со над 30 обвинети, е најголемиот од сите и токму за овој случај се бараше притвор од раководните лица на ВМРО-ДПМНЕ, но судот определи поблаги мерки, како одземање пасоши и еднаш неделно обвинетите да се јавуваат во судот.
В. М.
Извор: Макфакс