Судиите на состанок за случајот со Панчевски | Правдико

Правдико

   

Судиите на состанок за случајот со Панчевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судиите од Основен суд Скопје 1 биле повикани на состанок од актуелниот в.д претседател Стојанче Рибарев, а во врска со случајот поврзан со експретседателот на судот Владимир Панчевски.

Стојанче Рибарев информирал дека тој е предложен за сведок на СЈО,  а потоа кажал дека откако ќе го добие извештајот на Комисијата, која ги вештачи службените компјутери, ќе следи нова средба со судиите на која ќе им ги соопшти најновите моменти, пренесува судство.мк.

Судијата Панчевски се сомничи за одавање службена тајна, злоупотреба на службената положба и овластување и помагање во извршување кривично дело. СЈО се сомнева во злоупотреби на системот за распределба на предмети АКМИС, односно распределбата на одредени предмети, особено случаите на СЈО, само на одредени судии. Истражители на СЈО минатата недела извршија претрес во неговиот дом и во канцеларијата, а според изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева, станува збор за случај што е поврзан со друг предмет на СЈО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико