Правдико

   

Судиите сè уште не ги оцениле обвиненијата за „Талир“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд информира дека обвиненијата за случајот „Талир“ на СЈО, сè уште не се оценети. „Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница  во присуство  на странките, но до овој момент сеуште не е донесено решение за оценка  на обвинителните акти. Со оглед да за истиот предмет против еден обвинет, врз основа на признани на вина, веќе е донесена пресуда, не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти“, пишува во соопштението од кривичниот суд.

СЈО лани поднесе две обвиненија за случајот „Талир“. Во првото обвинение се опфатени поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе. Чингаровска лани призна вина и доби условна казна.

За изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико