Судија ја блокираше извршната одлука на Трамп за забрана за патување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Федералниот судија на американската сојуз држва Хаваи ја блокираше новата извршна одлука на претседателот Доналд Трамп за забрана за патување, неколку часа пред нацрт-законот да стапи во сила, пренесува BBC.
Претседателот Трамп ваквата одлука на судијата ја опиша како „судско претерување без преседан”.
Нацрт-законот предвидуваше забрана за патување со траење од 90 дена за луѓе од шест муслимански земји и забрана со траење од 120 дена за бегалци.
Трамп тврди дека овој потег е да се спречат терористите да влезат во САД, но критичарите велат дека е дискриминаторски.
Претходната верзија на налогот, издаден кон крајот на јануари, предизвика конфузија и протести, а беше блокиран од страна на судија во Сиетл.
Говорејќи на собирот во Нешвил, Тенеси, во средата, Трамп изјави дека пресудата во Хаваи прави САД да „изгледаат слаби”. Тој нагласи дека нема да се откаже и дека случајот ќе го турка „колку што е можно понатаму, дури и до Врховниот суд“.
„Ние ќе победиме,“ рекол амриканскиот претседател.
Извор:Макфакс