Судијата Џолев поднесе кривична за претседателот на Советот за факти | Правдико

Правдико

   

Судијата Џолев поднесе кривична за претседателот на Советот за факти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Иван Џолев поднесе кривична пријава против Јордан Лазаров, претседател на комисијата во Советот за утврдување на факти кој одлучува за претставката поради која денеска беше повикан на суд.

Тој кривичната пријава за злоупотреба на службената положба ја поднел вчера. Тој и неговиот адвокат Стеван Павлески сметаат дека претставката против Џолев се разгледува токму во овој период за да му наштети на неговата кандидатура за претседател на Основниот суд Скопје 1.

– Пријавата е поднесена бидејќи сметаме дека претседателот на овој совет ја повредил постапката со отварање на оваа расправа на штета на судијата, бидејќи за тоа поминал законскиот рок од шест месеци. Кон кривичната пријава приложивме поголем број на докази од кои се гледа дека судијата Лазарев со умисла ја поведува оваа постапка против Џолев, сега кога паралелно се води постапка за избор на претседател на Кривичниот суд. Пријавениот сака да го фаворизира другиот кандидат и да го исфрли од игра и да му направи штета на Џолев, рече адвокатот Павлески.

Комисијата ја одложи денешната главна расправа, а Советот за факти на седница треба да се произнесе за барањето за прекин на постапката.

Претставката ја поднесе Антиикоруоциската комисија, а се однесува на настан случен во 2014 за работењето на Џолев како судија во Кривичниот суд. Според него тоа во никој случај не смее да се третира како претставка.

Џолев рече и дека се уште нема добиено известување од Советот за утврдување на факти за претставката која неодамна против него ја поднесе судијата Владимир Панчевски, бидејќи според него судијата незаконски, односно без негова дозвола, присуствувал на тридневен семинар во Хрватска. Советот расправаше на 19 декември минатата година, а рокот да донесат одлука е десет дена.

Советот треба да одлучи дали постои основа за барање за утврдување на одговорност на судија. Доколку одлучат позитивно, предметот оди во Судскиот совет, а во спротивно постапката завршува.

Извор:Новатв

Препорачуваме

Партнери на Правдико