Судијата Митриновски го доби процесот во Стразбур | Правдико

Правдико

   

Судијата Митриновски го доби процесот во Стразбур

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот претседател на Апелацискиот суд немал фер судење поради двојната улога на тогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

E27C1E868FF2CD47B3251AAAF25B4693

Судот за човекови права во Стразбур ја казни Македонија со 4.000 евра одлучувајќи по жалбата на поранешниот претседател на Апелацискиот суд Скопје, Јордан Митриновски, за неговото разрешување од судиската функција во 2011 година. Во пресудата е утврдена повреда на правото на фер судење бидејќи тогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, се јавува и како иницијатор на постапката за дисциплинска одговорност на Митриновски и како член на Судскиот совет кој подоцна одлучува по таа иницијатива и носи одлука за негово разрешување, јави веб-порталот Академик.мк.

Судијата Митриновски беше разрешен во 2011 година поради одлуката да го пушти Бајруш Сејдиу во домашен притвор. По барање на јавниот обвинител совет од Врховниот суд, со кој претседаваше Вангеловски, донесе одлука со која го укина решението за преиначување на мерката притвор и побара разрешување на Митриновски. Судот во својата пресуда оценува дека Митриновски имал легитимна основа да стравува дека претседателот на Врховниот суд бил веќе лично убеден дека тој треба да биде разрешен поради професионална грешка пред да дојде прашањето до Судскиот совет.

Како дополнителна повреда е посочено тоа што на одлуката за разрешување Митриновски морал да се жали пред Жалбениот совет во Врховниот суд каде што претседател на судот е Вангеловски.

„Во такви околности Судот смета дека системот во кој судијата Јово Вангеловски, како член на Судскиот совет, кој побарал иницирање на постапката, учествувал во одлуката за отстранување на жалителот од функцијата, фрла сомнеж за неговата непристрасност кога се одлучува за основаноста на жалбата на жалителот по предметот. Со оглед на горекажаното, Судот утврдува дека судијата во постапка не го положи тестот за субјективна и објективна непристрасност“.

„Затоа, одлучувајќи на правична основа, во согласност со членот 41 од Конвенцијата, Судот му доделува на жалителот 4.000 евра во однос на нематеријална штета, плус која било такса што би можела да биде наплатена“, се вели во пресудата.

Митриновски не е единствениот судија кој се жалеше во Стразбур за неговото разрешување. Во наредниот период се очекува Стразбур да одлучи и по жалбите на апелациската судијка Виолета Дума, на скопската судијка Снежана Геровска-Попчевска, која одлучуваше за случајот „Бачило“, на тетовскиот истражен судија Мирослав Трифуновски и на уште неколку судии.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико