Правдико

   

Судијата парично го казни адвокатот на обвинетиот Сашо Срцев

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Титаник 2“. По продолжението, на судењето се врати адвокатот на обвинетиот Сашо Срцев, Димитар Дангов.

Судијата Огнен Ставрев го казни адвокатот според член 361 од Законот за кривичната постапка. Износот на глобата не го соопшти, но според Законот таа е од 200 до 1.200 евра. На ова адвокатот има право на жалба до кривичниот совет на судот.

Во предметот „Титаник 2“ на СЈО за изборни нерегуларности обвинети се ексдиректорот на УКБ, Сашо Мијалков, Мендух Тачи од ДПА, потоа Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, поранешни членови на Државната изборна комисија. Мијалков е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а другите за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

За овој случај снимките од прислушуваните разговори може да се користат како докази во судската постапка. Некои од овие снимки беа објавени и од нив може да се чуе разговор меѓу Мијалков и Тачи како договараат како да гласа членот на ДПА во ДИК, Бедредин Ибраими, за некои приговори за локалните избори во 2013 година.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико