Судијата Сали Мурати е избран за нов претседател на Уставниот суд | Правдико

Правдико

   

Судијата Сали Мурати е избран за нов претседател на Уставниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Сали Мурати е избран за нов претседател на Уставниот суд и на функцијата ќе стапи на 1 ноември кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот.

Тој е роден на 11 октомври 1966 во село Врапчиште, Гостивар. По националност е припадник на турската заедница во земјата. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Белград во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година.

Од 1993 до 2005 година работел во Бирото за правни и економски услуги – Гостивар како дипломиран правник. Од 2005 до 2012 година работел како адвокат во Гостивар.

Од дипломирањето па досега активно се занимавал со правната проблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слободата на мисла и вероисповед и меѓународното приватно право. Има објавено многубројни статии од правна проблематика во разни весници во државата и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство. Особено работел на проблемите на немнозинските заедници во Р. Македонија. Во тој контекст има објавено многубројни статии и учествувал на многу програми на МТВ 2 и на Македонското радио со правна тематика и актуелните правни проблеми во земјата. Во тој контекст во 2006 година бил добитник на престижната медиумска награда, личност на година, „Куткук вели“ и во 2007 година од здружението АДЕКСАМ – Гостивар за досегашна работа и придонос во правната област во РМ добитник бил на награда за особен придонес на интеграцијата и развојот на правата на Турците во земјата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико