Правдико

   

Судијата Шабани не сака да го снимаат, нареди да му ја избришат снимката на снимателот на „Сител“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Осман Шабани, кој е член на судискиот совет за предметот „Титаник 2“, им нареди на припадниците на судската полиција на снимателот на ТВ „Сител“ кој имаше дозвола за снимање од Врховниот суд да му ја избришат снимката откако претходно, снимателот, покрај обвинетите, ги сними и судиите.

„Избришете му ја целата снимка“, им нареди Осман Шабани на припадниците на судската полиција. Никаде во Судскиот деловник ниту во Законот за кривична постапка нема одредба во која е забрането снимање на судиите кога за тоа е обезбедена дозвола од највисокиот суд. Ова слободно толкување на одредбите важи и за речиси сите останати судии кои не им дозволуваат на снимателите да го снимаат судискиот совет.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико