Судијката Бахчовановска пријавила стан на сопругот, во неговиот анкетен лист го нема
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судијката oд Кривичниот суд, Моника Бахчовановска, инаку сопруга на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, во анкетниот лист пријавила имот на брачниот другар во Охрид од 65 квадратни метри, во вредност од околу 43 илјади евра, но тој имот не е впишан во анкетниот лист на нејзиниот сопруг.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата, не одговараа на телефонските повици на Макфакс за да одговорат на прашањето дали станува збор за пропуст.
Бахчовановски за Макфакс тврди дека станува збор за грешка во ажурирањето на податоците на антикорупционерите. Спорниот стан, како што тврди, го продале пред две години, а службите во ДКСК не ги направиле измените, за кои како што вели, уредно поднеле анкетен лист за имотната состојба.
В. Маглешов
Извор: Макфакс