Судијката Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судијката Добрила Кацарска е избрана за претседателка на Уставниот суд. Таа е назначена со мнозинство гласови, односно 6 „за“ од девет судии што имаат право на глас. Ова доаѓа откако Кацарска во ноември 2020 година беше избрана за уставен судија.
Кацарска има стаж од 30 години како судија. Покрај кривичните предмети, има судено и предмети од граѓанска материја. Таа ги судеше и предметите, како „Организираниот упад во Собранието на 27 април“, „Тенк“, во кој осудена е ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, „Транспортер“, „Триста“.
Кацарска беше член во работните групи за изготвување неколку закони, и тоа: измени на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за парничната постапка, Законот за измените и дополнувањата на Законот за општата управна постапка. Исто така, била еден од авторите на Прирачникот – Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судовите.
Извор: Макфакс