Судијката ги прифати доказитe за случајот „Тврдина 2“ | Правдико

Правдико

   

Судијката ги прифати доказитe за случајот „Тврдина 2“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијката Лидија Петровска ги прифати доказите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за случајот „Тврдина 2“, по што започна главната расправа. Во овој случај обвинети се седумина вработени во УБК, на чело со Горан Грујевски, кои се гонат за уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување.

Адвокатите на обвинетите реагираа на одлуката на Петровска, но таа ги одби со образложение дека кога ќе има пресуда, ќе можат да се жалат до повисоките судови.

Во случајот, познат како „Тврдина 2“, првообвинет е Грујевски, поранешниот началник на петтата управа и шест вработени во УБК. СЈО Грујоски го сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, исто така биле уништени во текот на 2014 година.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико