Судијката незаконски донела одлука за ПИ-мерките од видеото за поткуп за Заев | Правдико

Правдико

   

Судијката незаконски донела одлука за ПИ-мерките од видеото за поткуп за Заев

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд Скопје, по одржаната јавна седница по предметот познат во јавноста како „Поткуп“, донесе одлука со која го укина првостепеното решение и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот суд, соопштија од судот.

„Во текот на постапката и одлучувањето за предлогот на одбраната за издвојување докази прибавени со посебни истражни мерки, поставен на рочиште за главна расправа, првостепениот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура кога по предлогот на одбраната за кој не постоела согласност од странките, наместо одлуката да биде донесена од Советот кој бил во заседание, одлуката дополнително надвор од рочиште за главна расправа ја донел претседателот на советот со што во конкретниот случај излегол надвор од овластувањата утврдени со закон“, пишува во образложението.

Претседателка на Советот е судијката Дијана Груевска Илиевска, која поранешниот претседател Владимир Панчевски ја постави за заменик-претседател на кривичниот суд.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико