Правдико

   

Судијката Тања Милева бара изземање од предметот „Поткуп“ во кој обвинет е Заев

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијката во Апелацискиот суд, Тања Милева, која е сопруга на членот на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ, Игор Милев, побара изземање од предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, дознава „Макфакс“.

Таа беше поставена за судија известител на судечкиот совет кој треба да донесе одлука дали видеото од посебните истражни мерки, кое беше објавено на „Јутјуб“, може да биде доказ во постапката што се води против Заев во кривичниот суд.

Јавната седница на која треба да се одлучува за ова е закажана за в понеделник, 25 декември, во 11.30 часот.

Милева во ноември од Основниот суд Велес беше избрана за судија во Апелацискиот суд – Скопје.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико