Правдико

   

Судот бара од Собранието да му го одземе пратеничкиот имунитет на Љупчо Димовски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичен суд побарал од собраниската комисија  за мандатно имунитетни прашања да му го одземе имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, поранешен министер за земјделство, за кого се бара притвор, бидејќи заедно со други двајца поранешни министри и еден заменик министер за земјоделство е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Ова за НОВА го потврди претседателот на Комисијата Павле Богоевски.

Тој очекува до крајот на денот барањето да биде доставено до Собранието, бидејќи според процедурата вакви барања се доставуваат преку пошта.

Собранието ќе го запази рокот од 3 дена, а најверојатно во понеделник ќе го разгледа известување од судот дека против Димовски се води истражна постапка.

Во меѓувреме, четворицата осомничени се пред судија на предходна постапка. Љупчо Димовски заедно со неговиот адвокат Еленко Миланов попладнево го напушти Кривичниот суд.

Димовски во судот повторно треба да се појави на сослушување кај судија од предходна постапка на 6. февруари, објави Телма.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Станува збор за поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико