Правдико

   

Судот бара притвор за пратениците поради опасност да избегаат, да влијаат врз сведоците и дека ќе го повторат делото

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска напладне на четвртата седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања ќе се расправа за одземање на имунитетот на 6 пратеници, за кои судот со допис до Собранието побара притвор. Станува збор за одземање на имунитетот за пратениците: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска. Според она што може да се заклучи од барањето доставено до собраниската архива, притвор за пратениците се бара по сите 3 основи според Законот за кривична постапка.

Според член 165, став 1, и точките 1, 2 и 3, притвор се бара ако лицето се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство. Потоа, ако постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите. Наведена е и третата точка во барањето, а тоа е стравот дека ќе го повторат кривичното дело, или ќе го довршат обиденото кривично дело.

Ако точката помине на Комисијата, се става како точка на дневен ред на пленарна седница Собранието, на која се потребни најмалку 61 глас од пратениците за одземање на имунитетот.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико