Правдико

   

Судот донесе наредба да бидат приведени тројца сведоци кои не дојдоа да сведочат во „Топлик“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешното рочиште во кривичниот суд за предметот „Топлик“, судијата Осман Шабани донесе наредба да бидат приведени и донесени во судот тројца сведоци кои денеска не се појавија во судницата. Тие ќе бидат донесени да сведочат на наредното рочиште закажано за 21 септември. На денешното рочиште ќе сведочат двајца сведоци на предлог на СЈО. Тие ќе одговарат на прашања на обвинителот Бурим Рустеми и адвокатите на обвинетите.

Првиот сведок била вработена во Министерството за транспорт и врски, во Секторот за документирање и управување со градежно земјиште. Во 2007 година била член на Комисијата за јавно наддавање за оттуѓување државно градежно земјиште при ресорното Министерство.

Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во случајот обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластување и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра при продажба на земјиште за месноста „Сончев град“ во Сопиште.

СЈО тврди дека иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштетото за „Сончев град“, Јанакиески експресно формирал нова комисија која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан Сити“ во 2007 година кoj четири години подоцна спогодбено раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико