Судот достави барање за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Барањето од кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски е испратено до законодавниот дом, потврдија од судот.
Според процедурите, претседателот на парламентот по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на парламентот.
Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски. Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, вчера заедно со поранешните министри и партиски функционери Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беа приведени под сомнение за организавија на насилните настани од 27 април 2017 година.
Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, по што замина од судот, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.
Извор: Макфакс