Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“ поради немање јасни докази дека го сториле кривичното дело за кое беа обвинети во случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски.
Случајот во врска со приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија беше отворен од поранешното СЈО.
Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на Бошкоски на 6 јуни 2011 година.
Судењето беше за апсењето за случајот „Кампања“ во кој Бошкоски беше осуден на пет години затвор за незаконско финансирање на изборната кампања.
Извор: Макфакс