Судот ги ослободи од обвинение браќата од Велес во случајот „Ореше“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Велес ги ослободи браќата Ордан и Љупчо Георѓиевски, кои беа обвинети дека го убиле 72-годишниот старец од велешкото село Ореше. Во случајот кој траеше речиси една деценија, познат во јавноста како „Ореше“, зад решетки завршија судии, обвинители, адвокати, како и судија од Врховниот суд и новинарот Томислав Кежаровски.
Во обвинителната пресуда пишуваше дека Ѓоре Петровски сакал да му се одмазди на убиениот Лазо Милошевски бидејќи сметал дека пред повеќе години пукал во него и го ранил. За ова Петровски телефонски ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, кои беа обвинети дека го извршиле убиството за 20 илјади долари.
Извор: Макфакс