Судот ги отфрли барањата за изземање на Стефанова од „Траекторија“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судијата Горан Бошевски во предметот „Траекторија“, по паузата, ги отфрли барањата за изземање на Катица Јанева и на Лиле Стефанова. Во образложението наведе дека и двете се легитимни правни застапници на СЈО, а освен тоа, Јанева сè уште не е разрешена. На следното рочиште треба да биде сослушан предложениот вештак од СЈО.
Во предметот „Траекторија“, кој е во доказна постапка и треба да бидат сослушани вештаци, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Тие во втората половина на 2012 и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства, со кои, во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Со противправното дејствување на обвинетите, кинеската компанија „Синохидро“ стекнала имотно-правна корист од над 155 милиони евра, а износот на штетата претставува разлика меѓу износот на цената што државата му ја плаќа на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.
Извор: Макфакс