Судот го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Петровска | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Судот го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Петровска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд Скопје 1, во среда, го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство, за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по предметот поднесен до судот за фалсификување службена исправа против седум лица од Управата за безбедност и контраразузнавање.

sud-skopje

„Во однос на барањето за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по предметот на овој суд XXI К.бр.1905/16, поднесено од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање“, се вели во судскотосоопштение.

СЈО сметаше дека Петровска нема да биде непристрасна во случајот, заради тоа што нејзиното име се спомнува во нелегално прислушуваните телефонски разговори и затоа побара таа да биде изземена од случајот.

Обвинителниот предлог на СЈО се однесува на седум службени лица од УБК осомничени за фалсификување на службена исправа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико