Судот го одобри обвинението, случајот „Триста“ на СЈО оди на судење | Правдико

Правдико

   

Судот го одобри обвинението, случајот „Триста“ на СЈО оди на судење

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, кое сега треба да биде распределено кај судија кој треба да закаже тремин за почеток на судскиот процес.

Како што соопштија денеска од Основниот суд Скопје 1, Советот, составен од судиите Верка Петковска, Горан Бошевски и Татјана Михајлова, донел решение со кое приговорот на одбраната на обвинението го одбил како неоснован и го одобрил обвинителниот акт во целост.

„Оценетиот обвинителен акт, согласно автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС), електронски ќе биде распореден на судија за понатамошно постапување, кој треба да закаже термин за одржување главна расправа по предметот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Инаку, Апелацискиот суд кон средината на септември соопшти дека донел одлука прислушуваните разговори да се користат како доказ во судската постапка за случајот „Триста“. Одлуката на Апелација беше донесена откако СЈО претходно поднесе жалба на решението на Основниот суд Скопје 1, кој ги отфрли „бомбите“ како доказ во постапката.

Во случајот „Триста“, обвинет е помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој се товари дека со набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра, бидејќи тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на компании кои не дале најевтина понуда.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико