Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката | Правдико

Правдико

   

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од судењето за невладината организација Меѓународен сојуз. Според судот, барањето е неосновано.

„По повод барањето за изземање, одлучено е барањето за изземање да биде одбиено како неосновано“, соопшти судијката Гаврилова-Ефремова на почетокот од судењето.

Бојан Јовановски и на денешното рочиште побара изземање на претседателот на судијката, но овој пат и на целиот судечки совет.

„Поради основано сомневање дека судијката е политички иструирана и поврзана со претседателот на овој суд за кој знам како е избран, што ми дава право за сомневање за систем на сврзни садови, имам сомневање дека овој судечки совет е контролиран од премиерот Зоран Заев и други политички субјекти. Новата околност укажува дека на минатото рочиште судијата, без никаква моја навреда кон судот или личноста на судијата, во записникот нотира дека јас сум ја навредил и сум го навредил овој суд. Сомнежот за непристрасно судење е дека јасно може да се види односнот кон едната страна во оваа постапка, односно Обвинителството и обвинетите што седат на оваа клупа ни криви ни должни“, рече Јовановски.

Првообвинетиот Бојан Јовановски на минатото рочиште рече дека барањето е поради пристраснос, бидејќи судијката била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“.

На самиот почеток судијката го опомена Бојан Јовановски бидејќи ѝ се обрати со зборовите: „Немојте да се дерете, не сме мали деца“. Реакцијата на Јовановски доаѓа откако судијката Гаврилова-Ефремова ја прекина обвинетата Фросина Ташевска-Ременски за да даде објаснување за што смее да се произнесе пред судот.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како почесен претседател на невладината организација, е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико