Судот го отфрли предлогот за стечај на „Производство на топлина Балкан Енерџи“ | Правдико

Правдико

   

Судот го отфрли предлогот за стечај на „Производство на топлина Балкан Енерџи“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежниот суд го отфрли предлогот за стечај на компанијата „Производство на топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје. Од компанијата велат дека ги интензивира неопходните подготовки кои гарантираат успешен старт на следната грејна сезона.

Основниот суд Скопје 2 во средата донел решение со кое ја прекина постапката за отворање стечај на компанијата „Производство на топлина Балкан Енерџи“ од Скопје. Во образложението на решението на надлежниот суд стои дека ваквата одлука е донесена откако до судот се доставени докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и дека нејзините банкарски сметки не се блокирани. Со ова Судот констатира дека престанува работата и на претходно назначениот привремен стечаен управник. На ваквото решение на судот не е предвидена можност за жалба од страна на подносителите на предлогот за отворање стечајна постапка.

„Со ваквиот епилог отстранети се сите формалности, по што компанијата продолжува со интензивните подготовки и ремонтни активности на постојките за претстојната грејна сезона, за нејзин успешен старт во законски предвидените рокови“, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико