Судот го прифати обвинението за Грујевски и Бошкоски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет кој работи на оценка на обвинението за предметот „Тврдина – Таргет“ дал зелено светло, потврдија од СЈО и од Кривичниот суд.
Во овој предмет на специјалното јавно обвинителство, обвинети се бегалците од правдата, ексначалникот на УБК, Горан Грујевски и неговиот заменик, Никола Бошкоски, чија екстрадиција од Грција се очекува. Покрај бегалецот Горан Грујевски, во овој предмет, на обвинителна клупа ќе седнат и Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски и уште неколку вработени во УБК и МВР.
Од судот соопштуваат дека во следниот период обвинението ќе биде распоредено кај судија, по што ќе биде определен и датум за судењето.
Извор: Макфакс