Судот им ги „замрзна“ становите на синовите на Силвана Бонева
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шефицата на СЈО, Катица Јанева, потврди дека е замрзнат имотот на синовите на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Кривичниот суд одлучил да го прифати нивното барање и ја потврдил одлуката. Јанева сепак, не прецизираше детали за кој случај и во која постапка е побаран предлогот за забрана за отуѓување.
СЈО лани ја објави испрагата под името „Друмарина“, во која Силвана Бонева земала патни трошоци со прикажување лажни фискални сметки.
Извор: Макфакс