Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци | Правдико

Правдико

   

Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата што го води предметот за автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци му даде рок до 5 декември на Бирото за судски вештачења да го достави извештајот за супервештачење, кој е неопходен за завршување на доказната постапка и донесување на првостепена пресуда, се вели во соопштението од Кривичен суд.

Од Судот, посочуваат дека до овој момент судот има доставено 10 писмени ургенции до Бирото и пред секоја расправа телефонски го контактира директорот на Бирото со барање супервештачењето да биде завршено во најкус можен рок и предметот да биде вратен за да продолжи главната расправа.

„Заради недозволеното одолговлекување на супервештачењето, Судот денеска писмено се обрати до Бирото со напомена дека доколку до 05.12.2022 година предметот со сите списи и со изготвни вешт наод и мислење не биде вратен во судот или доколку од страна на вештите лица не се достави образложен извештај со причини зошто вешиот наод сеуште не е изготвен, судот ќе биде приморан да ја искористи Законската можност за парични казни на Бирото за судски вештачења, согласно член 237 ст.3 од ЗКП, како последен инстурмент кој му стои на располагање“, се вели во сопштението од Кривичен.

Судска разрешница за случајот „Ласкарци“ нема и по повеќе од три и пол години од автобуската несреќа. која се случи на 13 февруари 2019 година кога автобус на „Дурмо турс“ кој возеше на редовна линија Скопје-Гостивар излета од автопатот во близина на селото Ласкарци. Загинаа 16 патници, а 37 беа повредени.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико