Судот не дозволи увид во мобилните и компјутерите на Саздовски и обвинетите за неговото убиство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судечкиот совет кој го води случајот за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, на чело со претседателката Даниела Алексовска, го одби барањето на адвокатот на семејството на Саздовски, Ванчо Шехтански, да се обезбедат дополнителни докази од одделението за дигитална форензика во МВР, односно увид во компјутерските системи и мобилните уреди на починатиот Никола Саздовски и обвинетите Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа.
Како образложение за оваа одлука судот наведе дека фазата во која се наоѓа кривичната постапка не дозволува прибавување на вакви дополнителни докази.
Судењето продолжи со репродукција на видеоснимките од препознавањето на сторителите, поднесени како доказ од страна на обвинителот Фидовски.
Јавноста беше исклучена од рочиштето бидејќи на снимките се појавува малолетната девојка на Никола Саздовски.
Адвокатот Ванчо Шехтански, кој го застапува семејството на Саздовски, пред извесен период апелираше да не се дефокусира јавноста со изјави што не се релевантен одраз на она што е кажано во судницата, дека смртта настанала од падот на Саздовски врз метална кутија, која наводно се наоѓала на автобуската станица каде што бил претепан, а не од ударите на напаѓачите.
Обвинети од страна на Јавното обвинителство за смртта на Никола Саздовски се Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа, кој моментно е во бегство.
Според обвинението, тројцата, кои се гонат за убиство на свиреп начин, со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело.
Нападот на 20-годишниот Никола се случи на автобуска постојка во Автокоманда во јуни оваа година, а една недела по нападот, поради сериозните повреди, тој почина во болница.
Извор: Макфакс