Судот не го прифати барањето од страна на СЈО за суспендирање на „Алфите“ обвинети во „Тортура“ | Правдико

Правдико

   

Судот не го прифати барањето од страна на СЈО за суспендирање на „Алфите“ обвинети во „Тортура“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска, Основниот суд Скопје-1 го одби барањето од страна на Специјалното Јавно Обвинителство, во кое се бара суспендирање на припадници од единицата „Алфи“ вмешани во случајот „Тортура“

Во целост соопштението од судот може да го погледнете подолу:

osnoven-sud-skopje-1

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дека поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Тортура“, донесе решение со кое, предлогот за осомничените : И.А., Н.С., П.М., М.Ш., Ф.А и Ј.Б., се одбива како неоснован.

Имено за горенаведените лица судот не го прифати предлогот на СЈО, а со тоа и не  им определи мерка на претпазливост – забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење на работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација.

Со почит

Основен суд Скопје 1  – Скопје

Препорачуваме

Партнери на Правдико