Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески | Правдико

Правдико

   

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, газдата на „Пелистерка”.

„Основниот кривичен суд Скопје, односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање”, извести судот.

Камчев бараше времен пасош со рок од една година и понуди гаранција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико