Судот не му го врати пасошот на помошник-министерот во МВР обвинет од СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот за оценка на обвинителен акт, во состав судија Верка Петковска, како претседател на совет и судиите Горан Бошевски и Татјана Михајлова, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на СЈО за предметот „Триста“ за набавка на полициски возила, против обвинетиот Ѓоко Поповски, донесе решение со кое приговорот на одбраната на обвинетиот се одбива како неоснован, а обвинителниот акт се одобрува во целост.
Претходно кривичниот суд им ги одби приговорите на Сашо Мијалков и Никола Груевски за враќање на пасошите, кои во аргументите се повикаа дека судот му го вратил пасошот на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во случајот „Пуч“.
В. М.
Извор: Макфакс