Правдико

   

Судот не му го врати пасошот на Сашо Мијалков

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд  Скопје 1 – Скопје го одби барањето на обвинетиот Сашо Мијалков за враќање на пасошот и јавување еднаш во судот.

Мерката на претпазливост,  привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и мерката, обврска на обвинетиот еднаш неделно да се јавува кај надлежно службено лице во судот – остануваат на сила. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико