Судот од почеток ќе одлучува дали Владата треба да плати фактури од 25 илјади евра за сервисирање на климите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основниот суд Скопје 2 повторно ќе треба да одлучува дали Владата треба да ѝ ги плати фактурите за сервисирање на климатизацијата по раскинувањето на договорот на фирмата „Мото електроникс“, направени пред 8 години, пресече Врховниот суд по барањето за ревизија на предметот. Судската постапка е од 2015 година, а вредноста на спорот 1.495.179 денари или приближно 25 илјади евра.
Фирмата што со години ги сервисирала клима-уредите поднела тужба за ненаплатени фактури откако Владата одлучила предвреме да го раскине договорот. Судиите во највисокиот суд утврдиле нејасност и противречност во фактите и доказите во текот на постапката кај пониските судови, а противтужбеното барање на Владата е одбиено како неосновано. Врховен смета дека судовите не дале доволно јасни и образложени причини во однос на висината на штетата што ја досудиле на тужителот поради неоснованото раскинување на договорите.
При повторното судење, првостепениот суд ќе треба да ги има предвид укажувањата на Врховниот суд, да ја отстрани суштествената повреда и да донесе јасна и разбирлива пресуда подобна за испитување. Треба да ги има предвид и укажувањата во однос на фактите од кои произлегува основата за тужбеното барање и висината на штетата.
Основниот суд Скопје 2 го усвоил прецизираното тужбено барање Владата да му плати на тужителот – на име надомест на штета како резултат на неосновано раскинување на договорот за сервисирање и одржување на дизел електрични агрегати и УПС-уреди. Апелациониот суд Скопје со пресуда од 2016 година ја потврдил пресудата на Основниот суд Скопје 2.
Извор: Макфакс